19 Декември, 2025
0.0398

Воз прегази млад човек во Скопје

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2019 15:38

Добивај вести на Viber

Воз прегази човек во Скопје. 

Маж на возраст од 31 година рано изутринава загина откако во него удрил воз на пругата кај булеварот „Србија“ во населбата Аеродром.

Возот се движел на релацијата Битола-Скопје.

„На 17.09.2019 околу 22.00 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешакот Н.М.(31) од Скопје, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведуваат од МВР. 

Од Железници на РСМ Транспорт денеска изразија сочувство до семејството на загинатиот 31-годишен скопјанец и апелираа до граѓаните за почитување на собраќајните правила.

„Иако машиновозачот на возот бр. 644 кој во тој момент сообраќал, го забележал човекот како се движи среде отворена пруга и веднаш завел брзо кочење и почнал да свири, човекот излегол од колосекот, но не и од железничкиот профил, со што не можела да се избегне несреќата и возот го удрил и го усмртил“, изјавиле за МИА од Железници на РСМ Транспорт ад Скопје.

Веднаш се повикани брза помош и полиција, која работи на расветлување на случајот. На терен излегла Комисија за расчистување и иследување на вонреден настан од Транспорт и инфаструктура.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот