ВОЗАЧОТ НА ЈСП КОЈ ТЕПАШЕ ПАТНИК СУСПЕНДИРАН, покрената е процедура, соопштуваат од ЈСП
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2022 11:22
По објавата дека возач на ЈСП тепал патник во автобус во кој превезувал патница на редовна линија, од ЈСП соопштуваат дека возачот е суспендиран.
- Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот. Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место - се наведува во нивното соопштение.
Претходно Министерството за внатрешни работи за дел од медиумите во земајва потврди дека вчеравечер се случил инцидент во автобус на ЈСП каде возачот по претходно несогласување со еден од патниците, физички го нападнал и му нанел видливи повреди. – На 19.07.2022 во 21.17 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека лице кое управувало автобус на ЈСП број 24, по претходно недоразбирање, физички нападнало патник во автобусот. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Скопје.
Можеби ќе ве интересира
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети




