ВОЗАЧОТ ЗАГИНА НА ЛИЦЕ МЕСТО, сопатничката која е малолетна заврши во болница по вчерашната сообраќајка кај село Колари
Објавено во: Македонија 02 Март, 2024
Во сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. Во сообраќајката со тешки повреди се здобила и малолетна сопатничка во автомобилот.
- На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево - информираше СВР Охрид.
Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.
Како што објавивме утринава, по сообраќајката веднаш се појави сомнеж дека има загинати во неа. На социјалните мрежи беше споделено видео од обидите за спасување на лицата кои се во автомобилот, каде беше видливо дека оштетувањата на возилото се многу големи, поради што се стравуваше дека има жртви.Фото: Принтскрин/Фејсбук