Добивај вести на Viber
Скопјани утрово се разбудија опкружени со магла и загаден воздух на највисоко ниво.
Според концентрацијата на загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките нивото е повеќе од дозволеното покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина.
Исклучок не се ниту Велес и Тетово каде исто така има многу високо ниво на загадување. Еве како изгледаше квалитетот на воздухот во 11 часот, според податоците од министерството за животна средина.