18 Декември, 2025
0.0625

ВОЗЕЛЕ МОРТУС ПИЈАНИ - упасени двајца возачи, едниот направил сообраќајка

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2025 11:52

Добивај вести на Viber

Двајца возачи се упасени поради возење под дејство на алкохол, при што едниот предизвикал и сообраќајна незгода. Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, лишени од слобода се штипјанец и кавадарчанец, кои управувале возила со 3,02 и 2,30 промили алкохол во организмот, штипјанецот предизвикал и сообраќајна незгода.

- На 07.10.2025 во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.Ѓ. (58) од Штип. Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип. 

Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта - соопштуваат од МВР.

Потоа додаваат дека при рутинска контрола во Прилеп е фатен кавадарчанец исто така со големо количество на алкохол во крвата. 

На 08.10.2025 во 01:45 часот на ул.„Леце Котески' во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Л.Т.(41) од с.Бегниште, кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „форд” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,30 промили алкохол во крвта - укажуваат од МВР. 

Од таму додаваат дека двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија