01 Септември, 2024
0.0422

„Вози Мишко“ од јули до септември! 74.000 Македонци избрале автобус на летување на море и шопинг во странство

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Автобуските превозници на меѓународни релации имаа добра летна сезона! Статистиката покажува дека автобуски превоз во екот на летната сезона (јули-септември) користеле 74.000 македонски државјани кои патувале на море или пак биле на екскурзии и шопинг во земји од регионов. Статистиката покажува дека 59.000 Македонци во ек на летна сезона на море оделе со автобуси, а пак 15.000 зависници од шопинг до дестинации во соседните земји со автобуси прешле 135.000 километри

Секој летен ден во периодот јули, август и септември, просечно 640 македонски туристи полнеле по 13 автобуси со кои патувале на летување на море во соседните земји или по некои европски дестинации. Во екот на летната сезона годинава вкупно 59.000 македонски државјани оделе на одмор на море користејќки автобуски превоз.

Државниот завод за статистика пресметал дека годинава во периодот јули-септември годинава бројот на македонски туристи кои патувале во странство со автобус пораснал за 18 отсто во споредба со истиот период лани.

Според податоците кои од превозниците ги добивал Државниот завод за статистика авотбусите кои превезувале туристи на море во летниот период поминале 791.000 километри за да ги однесат и вратат тие 59.000 туристи.

Интересен е и во очи паѓа фактот дека автобусите годинава превезле повеќе патници со значајно помалку поминати километри. Односно, годинава возачите на туристички автобуси изминале 791.000 километри за да ги однесат и вратат тие 59.000 Македонци до дестинации на море од почеток на јули до крај на септември. Лани во истиот период автобусите свртеле над еден милион километри за да превезат во странство 50.000 македонски туристи.

Ова наведува на заклучок дека годинава повеќе наши туристи се одлучиле со автобуси да одат на поблиски туристички дестинации. И најверојатно тука најчеста дестинација е Грција пред Албанија и Црна Гора.

15.000 Македонци направиле шопинг тури и екскуризии во странство во летните месеци

Интересно е тоа што годинава во периодот јули-септември драстично е зголемен бројот на наши државјани кои топлото време не ги спречило да направат шопинг тури во соседството. Дури 15.000 лица за три месеци користеле автобуски превоз за шопинг во соседството, а тоа е 5 пати повеќе од истиот период лани. Статистиката изборила дека овие Македонци желни за шопинг во летните месеци поминале со автобуси 135.000 километри.

Р.Ф.

foto freepik.com/roman_babakin

Можеби ќе ве интересира

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“