19 Декември, 2025
0.1028

„Вози право, вози здраво“ Vol.2

Стопанска банка АД - Скопје повторно ги повикува љубителите на тркала да земат учество во ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ по улиците на Скопје.

Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2016 15:43

Добивај вести на Viber

Ова е со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на овие чисти транспортни средства. 

Секако, целокупниот настан ќе биде крунисан со донација на урбана опрема за Град Скопје, повторно фокусирана на развивање на сообраќајната и велосипедска култура.

„Вози право, вози здраво“ 2 ќе се одвива во два дела - ревијална трка и концерт/забава. Ревијалната трка овојпат ќе почне во 17 часот од СТБ Детскиот велодром, спроти Веро Тафталиџе во паркот Македонија. Овој велодром беше донација од Стопанска банка за Град Скопје од првата изведба на „Вози право, вози здраво“ минатата година и е најсоодветно место за почеток на настанот.

На трката учество ќе може да земат сите заинтересирани лица кои ќе се регистрираат во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка во i-bank store или на линкот за регистрација www.stb.com.mk/marketing.nspx

Целта на трката е на влезот на Градски парк, позади споменикот на Гоце Делчев каде ќе биде поставена бина и ќе бидат понудени бројни забавни содржини за сите посетители и секако изведби на единствените:

  • 5+ бенд
  • Даниел Кајмакоски и 
  • Пеперминт

Секако, за сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали, а броевите на учесниците ќе бидат дел и во извлекувањето на наградната лотарија:

  • Ninebot Segway, Specialized велосипеди, СЕМОС обуки, спортска опрема и други вредни награди

Стопанска банка АД - Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи, директно влијае врз заштитата на животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост, својата застапеност и релевантност да застапува една значајна тема како што се алтернативните форми на транспорт. Па така, од оваа година пред филијалите на Банката се поставени и паркинзи за точаци, вработените се почесто ги користат како превозни средства, а граѓаните на Град Скопје веќе неколку месеци уживаат во новиот СТБ Детски велодром, сообраќаен едукативен полигон за деца каде безбедно и на забавен начин може да научат да возат велосипеди, ролерки, тротинети и секако сообраќајни правила.

Во таа насока, Банката повторно го организира „Вози право, вози здраво“ и ја повикува јавноста за учество и поддршка на настанот и целта која ја застапува. За максимална заштита на учесниците, во сабота, на 17.09.2016 ќе биде воспостевен и посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка.


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка