05 Октомври, 2024
0.0261

Возилата со странски таблици треба да имаат и зелен картон за да се регистрираат со двојно пониска цена: Законот готов

Објавено во: Економија 06 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Готов е предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата. Владата го испрати во Собранието, а регстрацијата на странските возила со намалени давачки ќе се применува една година.

Со овој закон сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото ќе имаат можност да ги регистрираат возилата со  50 отсто пониска цена од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови - сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, а возилото да е влезено на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилототреба да поднесе барање за регистрација но и следните писмени докази.

1.  потекло на возилото,

2.  сопственост на возилото,

3.  регулирани царински и даночни обврски за возилото,

4.  потврда за сообразност или согласност за регистрација, ако се работи за возило за кое треба да има таква потврда или согласност согласно со одредбите од Законот за возила,

5.  техничка исправност на возилото, освен за возило за кое техничкиот преглед не е задолжителен, согласно со членот 50 од Законот за возила,

6.  запис од измерени вредности од емисиите на издувни гасови на возилото,

7.  запис за техничката исправност на системот за сопирање на возилото,

8.  запис за техничката исправност на системот за управување на возилото,

9.  извршено осигурување, платени такси, регулирани давачки на име надоместоци за користење на јавните патишта и за заштита на животната средина и други обврски пропишани со закон,

10.  извршена одјава на возилото од надлежниот орган во кој е извршена претходната регистрација,

11.  статус на возило со историска вредност (олдтајмер) и

12.  АДР сертификат за извршено испитување на возило за превоз на опасни материи во патниот сообраќај.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија