(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) „Исламската држава“ обезглави тројца Курди по повод нивната Нова година
Објавено во: Свет 21 Март, 2015 12:01
„Исламската држава“ шири ново шокантно видео на уште една варварска егзекуција. На видеото се гледа обезглавувањето на тројца заробеници во Ирак, Курди. Заробениците се облечени во традиционални за жртвите на исламистите портокалови комбинезони, а рацете им се врзани зад грб.
Тројцата Курди се обезглавени пред голема толпа случајни минувачи, меѓу кои има дури и деца. На кадрите се гледа како секој од заробениците е принудуван одделно да клечи на земјата. И тројцата затвореници се со избричени глави. Спотот запира за момент, за да бидат обелоденети нивните имиња и биографски податоци во Пешмерга.
Потоа брадест исламист има говор во кој ветува уште напади врз Курдите, ако владата не и се потчини на „Исламската држава“. Видеото продолжува со прикажување на различни перспективи на заробениците, чекајќи да бидат егзекутирани.
Видеото завршува со тоа како тројца исламисти вадат ножеви и им ја сечат главата на Курдите. Следат фотографии на обезглавени тела.
Видеото беше објавено од официјалната медиум на „Исламската држава“ во ирачката провинција Ниневија и е обид за заплашување на Курдите. Објавувањето се совпадна со курдската Нова година, која се совпаѓа со пролетната долгоденица и почетокот на пролетта.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=qy0FDB44EZk[/embed]Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?






