06 Октомври, 2024
0.0348

Возот што јури со 160км на час во Македонија ќе ползи со 50км на час!

Објавено во: Економија 08 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Ултрамодерен воз што ќе може да развива брзина од 160 км на час од август ќе сообраќа на македонските пруги. А до почетокот на следната година, такви возови во земјава треба да бидат вкупно шест, што е 60% од потребите на патничкиот сообраќај во железницата. Оваа информација, во текот на вчерашниот ден беше главна вест, што директно од Кина ја соопшти министерот за транспорт и врски Владимир Мисајловски, кој таму со делагација од Македонија, беа да го видат изработениот воз, во кинеската фабрика, и да го најават,  неговото доаѓање во земјава. Но, најавата дека возот ќе може да развива брзина до 160 км на час во земјава пак отвори повеќе коменатри во јавноста, пред се дека е добро што се обновува возниот парк во земјава, бидејќи патничките возови одамна се во катастрофална состојба, ама проблемот е што се доцни со обновата на пругите по кои сообраќаат возовите. Велес- Кочани максимална дозволена брзина 50 км на час Анализата на Фактор покажува дека најголемата дозволена брзина на  македонските пруги е 100 км на час и тоа само одредени делници. Па така, возвите што сообраќаат на релација од Табановци до Гевѓелија може да се движат од 80 до 100 километри на час. Или од Табановци до Куманово дозволено е 100 км на час, потоа до Дељадровце 90 км на час, потоа до Јане Сандански е 90 км на час. Од тука до Велес е 80 км на час, до Згрополци 85 км на час, а до Ногаевци 85 км на час. Од таму до Демир Капија  максималната брзина што е дозволена изнесува 100 км на час, потоа до Миравци 90 км на час, и од таму до Гевѓелија е 100 км на час. mapa zeleznica Патниците кои патуваат на релација од Велес до Кочани пак, не може да се возат со брзина поголема од 50 км на час. Тоа е максималната дозволена брзина на оваа железничка линија во Македонија. Додека патниците кои патуваат од Велес до Битола, максималната дозволена брзина се движи од 50 км на чс до 100 км на час. Односно, од Велес до Тополка дозволена е 75 км на час, потоа до Васил Антевски е 50 км на час, од таму до Богомила е 65 км на час, потоа до Гостиражни е 50 км на час, до Слепче е 60 км на час. Потоа до Бакарно Гумно е 100 км на час, а од таму до Даме Груев е 90 км на час, додека до Битола е 100 км на час. На пругата Ѓорче Петров до Кичево максималната дозволена брзина е од 80 до 100 км на час. Односно, од Ѓорче Петров до Гостивар е 100 км на час, а од таму до Кичево е 80 км на час.  А истата брзина од 80 до 100 км на час е дозволена како максимална и на релација Блаце- Скопје.  Максималната довзолена брзина за товарниот сообраќај на ниво на цела држава е меѓу 30 и 50 км на час. Инаку, должината на железничката мрежа во Македонија изнесува 925 км, при тоа отворена пруга се  699 км, станични колосеци: 226 км, а индустриски колосеци 102 км. Електрифицирани се 312.66 км. железничка пруга. Договорот со кинеската компанија – тајна МЖ Транспорт зема кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 50 милиони евра, а гарант дека заемот ќе се враќа е државата. „Рокот за отплата на заемот е 15 години со вклучен грејс период од три години и шест месеци. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. МЖ Транспорт АД - Скопје ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на заемот. За износот на неповлечените средства од заемот, на Европската банка за обнова и развој ќе и се плаќа провизија во висина од 0,5% од износот на неповлечените средства од заемот на годишно ниво, стои во Законот со кој државата гарантира дека МЖ ТРнспорт ќе ги враќа парите од кредитот. Со оглед дека набавката на шесте возови чини 25 милиони евра, засега нема информација како ќе се искористи останата половина од кредитот. А во законто за гаранција на заемот е наведено дека за делот од кредитот што нема да се повлече ќе се плаќа камата. Но, исто така официјалниот договор со кинеската компанија ЦСР  од каде се набавуваат возовите, засега останува тајна. Иако, кинеската компанија е избрана на меѓународен тендер, сепак, договорт меѓу МЖ Транспорт и кинеската компанија не може да се најде на ниту една официјална интернет страна, ниту на државната железничка компанија МЖ Транспорт, ниту на страната на министерството за транспорт или финансии, а договорот не е објавен ниту на интернет страната на Бирото за јавни набавки. Фактор вчера побара став лично од министерот за транспорт и врски Владимир Мисајловски за тоа каде може да се најде договорот со кинеската компанија и МЖ Транспорт, но Мисајловски остана недостапен за коментар. Договорот со кинеската компанија ЦСР е потпишан на 24.6.2014, и според тогашните изјави треба да се набават 6 нови патнички гарнитури на возови. Инвестицијата е 25 милиони евра, а средства се обезбедени од ЕБОР. Според најавите, со договорот е предвидено да се набават нови 4 дизел-моторни гарнитури и 2 електро- моторни гарнитури за превоз на патници. Овие нови 6 патнички гарнитури со вкупен капацитет од околу 1.200 патници (секоја по 200 патници).    

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта