05 Декември, 2025
0.0438

ВРАБОТЕНИ СЕ, НО БАРААТ ДРУГА РАБОТА: Ова е причината број еден за ваквиот потег...

Објавено во: Економија 04 Декември, 2025 08:00

Добивај вести на Viber

Работно место каде ќе имаат подобри услови и повисока плата е најчестата причина поради која вработените сакаат да најдат нов ангажман. Статистиката покажува дека секоја година илјадници вработени во Македонија барале друга работа.

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), лани 6.011 вработени барале друга работа. Поради подобри услови, подобра заработка и транспорт, друга работа барале 2.926 вработени, додека 983 луѓе барале друга работа затоа што биле ангажирани сезонски или имале работа од времен карактер. Понатаму, 538 вработени барале друга работа со помал број на работни часови од онаа која ја имале во моментот. Според ДЗС, 679 вработени барале друга работа соодветна на нивното образование. Овие се најчестите причини зошто луѓето иако се вработени, сепак бараат работа. Некогаш поради семејни причини или поради страв дека ќе добијат отказ, луѓето си бараат друга работа.

„Сѐ зависи од која позиција доаѓаат. Доколку се работи за луѓе од пониски позиции или средно ниво, да, најчесто платата е таа што ги мотивира да сменат работа или бараат дополнителна работа. Некои бараат работа по струка или промена на струката, ако една професија ја работеле 15 години, сакаат нешто друго или пак токсична работна средина е причината поради која сакаат да најдат друга работа. Има жени со мали деца кои бараат работа со скратено работно време, да не се тоа 40 часа неделно, посебно за мајките е важно работата да не е во смени и работното место да не е далеку од дома“, објаснува Јулијана Миновска, од агенцијата за посредување при вработување Д Хедхантер.

Во 2023 година, 6.329 вработени барале друга работа. Во 2022 година, бројката била повисока. Тогаш 7.432 вработени барале друга работа. Во 2021 година, 9.769 вработени барале друга работа. Во 2020 година, 11.585 вработени барале и сакале да заминат на друго работно место. Според ДЗС, во 2019 година, 17.931 вработен барале друга работа. Во 2018 година, 14.340 вработени имале таква намера. Во 2017 година, 14.317 вработени се евидентирани дека барале друга работа.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети