18 Март, 2025
0.0320

Вработените од „Македонска филхармонија“ со писмо до Мицкоски: Не сакаме директор од „Вреди“, сакаме професионалец

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2025 11:28

Добивај вести на Viber

Вработените на „Македонската филхармонија“ упати отворено писмо до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков преку кое се бара да не се поставува директор од коалициониот партнер „Вреди“, односно да се постави професионалец кој ги поминал скалилата на фелата и кој има своја програма.

„Ви го пишуваме ова писмо од име на вработените во Македонската филхармонија со надеж дека ќе го имате предвид значењето на нашата институција, при носењето на финална одлука за назначување на нејзин нов директор на конкурсот кој се уште е во тек.

Би сакале однапред да укажеме, за да не се повтори погубната практика на кадровски грешки кои беа составен дел од водењето политика во минатото.

Уште во јуни, пред формирањето на новата Влада, во еден медиум, г-дин Изет Меџити јавно објави дека ВЛЕН ја “добил” Филхармонија и дека Мустафа Имери ќе биде првиот Албанец, кој ќе раководи со институцијата. Оваа скандалозна објава ја руши легитимноста на конкурсот кој се уште е во тек, бидејќи името на г-дин Имери се уште фигурира низ кулоарите како сигурна и договорена опција за директорското место на нашата институција.

Во вашата програма и пред изборите, освен богатата програма со проекти за напредок на Македонија во сите сфери, се нагласуваше и кадровскиот потенцијал на идната владина коалиција со нагласена решителност за справување со корупцијата и примената на т.н. мерит систем, односно поставување на кадри и напредување врз основа на компетентност, способност и професионални заслуги. Токму на тој начин, треба да се избере и директор на нашата институција, според законски утврдена процедура со вградени критериуми од страна на ресорното Министерство. Секој друг начин за избор на директор со кој се прескокнуваат највисоките скалила на одлучување е голема храброст (или дрскост). Лицитацијата на функции без спроведување на законска процедура со јасно утврдени критериуми е навреда за дејците во културата, а во таа насока и за нас, вработените во Македонската филхармонија.

Директор на Филхармонија легитимно се избира на конкурс, и треба да се избере кандидатот со најдобра програма и професионални квалификации и референци.

Македонска филхармонија е единствен државен симфониски оркестар во земјата, кој осум децении освен што ја промовира класичната музика на највисоко ниво е главен промотор и на македонската музичка мисла и на домашните композитори и изведувачи од нејзиното основање до денес. Оркестарот во изминатите осумдесет децении имаше подеми и падови, се соочуваше со многубројни проблеми, пред се, со недостаток на сопствен концертен простор. Со изградбата на новата концертна сала, музичарите од Македонската филхармонија ги добија сите неопходни услови за работа, а Македонија може да се пофали дека е единствена земја во регионот, чиј државен симфониски оркестар има свој дом. Сонот на нашите претходници, на низа генерации музичари конечно стана реалност, нивниот сон го живееме ние денеска, одржувајќи ја во живот богатата македонска музичка традиција. Онаа која композиторот Тодор Скаловски во далечната 1944 година, визионерски ја преточи во камен -темелник на македонската музичка култура.

Другите земји во светот имаат по неколку државни симфониски оркестри, Македонија има само еден – тоа е Македонската филхармонија. Таа е национален симбол, таа е столб на македонската култура, наш најголем амбасадор во светот.

Токму поради тоа, за нас е исклучително важно кој ќе застане на чело на нашата институција, бидејќи тоа ја одредува насоката во која ќе продолжиме да се движиме во иднина.

Мисијата на нашите основоложници и претходници за нас е светост, таа е аманет, кој, ние вработените го чуваме како најскапоцен дар, и ќе продолжиме да се бориме за да го зачуваме, бидејќи Македонската филхармонија не е само единствен симфониски оркестар во државата, туку и верен чувар на нашиот национален идентитет“, гласи писмото од Македонска филхармонија упатено до Мицкоски и Љутков.


Можеби ќе ве интересира

Полицијата влезе во Општина Кочани и ја чешла документацијата

Полицијата влезе во Општина Кочани и ја чешла документацијата

СРПСКИ МЕДИУМИ: Родителите не можат да си ги видат децата, а тој води 50 репортери - реакции на српски и македонски граѓани за посетата на Вучиќ на нашите болни

СРПСКИ МЕДИУМИ: Родителите не можат да си ги видат децата, а тој води 50 репортери - реакции на српски и македонски граѓани за посетата на Вучиќ на нашите болни

ЗА САМО ДВА ЧАСА 120 БУГАРИ ДАРУВАА КРВ ЗА НАСТРАДАНИТЕ: До крајот на неделава крводарителска акција пред болницата Пирогов

ЗА САМО ДВА ЧАСА 120 БУГАРИ ДАРУВАА КРВ ЗА НАСТРАДАНИТЕ: До крајот на неделава крводарителска акција пред болницата Пирогов

Семејствата не може, но Мицкоски ги посети пациентите: Ги запазив сите протоколи

Семејствата не може, но Мицкоски ги посети пациентите: Ги запазив сите протоколи

ПАЦИЕНТИТЕ СЕ СТАБИЛНИ, НО СЕ СТРАВУВА ОД ВЛОШУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ - надлежните со детали за хоспитализираните по пожарот во Кочани

ПАЦИЕНТИТЕ СЕ СТАБИЛНИ, НО СЕ СТРАВУВА ОД ВЛОШУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ - надлежните со детали за хоспитализираните по пожарот во Кочани

„ЖРТВИТЕ ГИ УТВРДУВААТ ОФИЦИЈАЛНИ МЕДИЦИНСКИ И ИСТРАЖНИ СЛУЖБИ“: Владата апелира да не се шират дезинформации за бројот на загинати во Кочани

„ЖРТВИТЕ ГИ УТВРДУВААТ ОФИЦИЈАЛНИ МЕДИЦИНСКИ И ИСТРАЖНИ СЛУЖБИ“: Владата апелира да не се шират дезинформации за бројот на загинати во Кочани

ТРОЈЦА ПОЖАРНИКАРИ МЕЃУ НОВИТЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ - расте бројот на згрижени по трагедијата во Кочани

ТРОЈЦА ПОЖАРНИКАРИ МЕЃУ НОВИТЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ - расте бројот на згрижени по трагедијата во Кочани

„СОБРАНИ СЕ ДНК МАТЕРИЈАЛИ ЗА СПОРЕДБА“: Станков вели приоритет се обдукциите и идентификацијата за да можат роднините да ги подигнат телата

„СОБРАНИ СЕ ДНК МАТЕРИЈАЛИ ЗА СПОРЕДБА“: Станков вели приоритет се обдукциите и идентификацијата за да можат роднините да ги подигнат телата

„КОГА ЌЕ РЕЧЕШ: КРАДАТ АМА ГРАДАТ, ГО ОТВАРАШ ПАТОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ“: професорката Најчевска остро 'до нас е и од нас зависи'

„КОГА ЌЕ РЕЧЕШ: КРАДАТ АМА ГРАДАТ, ГО ОТВАРАШ ПАТОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ“: професорката Најчевска остро 'до нас е и од нас зависи'