21 Септември, 2021
0.0276

ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР СО ТЕСТ ЗА ИНТЕГРИТЕТ ЌЕ ДОКАЖУВААТ ДЕКА НЕ СЕ СКЛОНИ КОН КОРУПЦИЈА - на „ачик“ да го извадат и целиот имот, но да го пријават и зголемувањето

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2021

На сите што ќе сакаат да се вработат во Министерството за внатрешни работи, ќе им се прави тест за интегритет, и тоа нема да биде еднаш засекогаш дадена потврда, туку интегритетот постојано ќе се проверува. За полициските службеници ќе се воведе и обврска за пријавување на нивниот имот и интереси, а тие нема да смеат ниту да членуваат во политички партии.

Согласно препораките од меѓународните институции, Владата носи измени на Законот за внатрешни работи. Се базираат на извештајот на ГРЕКО за спречување на корупцијата, но и на Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за периодот од 2021 до 2025 година, на Државната антикорупциска комисија. Владата е предлагач на законот, а ќе го брани министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на работниците во Министерството и превентивно дејствување, организациската единица ќе врши проверка на интегритет преку спроведување тест за професионален интегритет на работниците во Министерството“, е една од новите одредби што се додава во Законот за внатрешни работи.

Натаму, се наведува дека проверка на професионалниот интегритет на работниците во МВР се врши континуирано за времетраењето на работниот однос, преку спроведување тест за професионален интегритет.

„Тестот за професионален интегритет е контрола на постапувањето на работникот во Министерството во симулирана ситуација, која е идентична на неговите работни задачи и активности, без обврска за претходно известување на организациската единица во која е распореден и работи работникот“, стои во законските измени.

Резултатите што ќе се добијат од тестот можат да бидат индикатор за поведување на предистражна постапка, проценка и анализа на ризикот од корупција, промена на методологијата и процедурите за работа и утврдување на видот и потребата за обука на работниците.

Тестот ќе се спроведува врз основа на План кој го донесува раководителот на организациската единица надлежна за внатрешна контрола во МВР, а врз основа или на образложена иницијатива од министерот или од директорот на БЈБ. Планот може да се донесе и во случај кога самата организациска единица за внатрешна контрола ќе дојде до сознанија дека таков тест за работникот треба да се направи. 

Во текот на спроведување на тестот за професионален интегритет се почитува начелото на законитост, основните човекови слободи и права и достоинството на работникот кој се тестира. Работникот кој се тестира не смее да се поттикнува на извршување кривично дело или повреда на службената должност и овластувања.

Активностите преземени за време на тестот за професионален интегритет не се дел од посебните истражни мерки пропишани со Законот за кривичната постапка. Постапката за спроведување на тестот може да се документира на видео или аудио запис и во текот на нејзиното спроведување може да се користат легендирани средства и документи.

Натаму, како што предвидува владата со овие законски измени, резултатот од тестот за професионален интегритет може да биде позитивен или негативен. За негативен ќе се смета доколку за тестираниот рботник се утврди дека при извршувањето на задачите од неговиот делокруг не постапувал согласно закон или покажал склоност кон корупција.

Исто така, во законските измени стои дека вработениот во МВР треба „да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија“, за што мора да поднесе и изјава. Практично, се предвидува забрана за вработените за членување во политичка партија, покрај другите утврдени забрани за основање, раководење, застапување и претставување политичка партија или членување во органи и тела, и чие непочитување ќе биде еден од потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина.

А, оној што ќе сака да работи во МВР, „на увид“ ќе треба да го стави и својот имот.

Односно, при засновање на работен однос во Министерството, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на склучување на договорот за вработување, работниците во Министерството поднесуваат изјава за имотна состојба и интереси, во постапка и под услови утврдени со закон.

Исто така, вработените во Министерството се должни во рок од 30 дена да го пријават секое зголемување на нивниот имот, односно на имотот на член на нивното семејство, во вредност што надминува износ од дваесет просечни нето плати во претходниот тримесечен период, како и промена на нивните интереси.

Меѓу другото, со предложените измени на Законот за внатрешни работи, се утврдува дека наредби од областа на оперативното работење издава директорот на Бирото за јавна безбедност. Се дефинираат и законски гаранции за оперативна независност на полицијата, во смисла дека само директорот на Бирото може да дава наредби кои се однесуваат на оперативното работење на полицијата.

Со законските измени се предвидува и дека работен однос без јавен оглас во Министерството се заснова само за работни места за кои во актот за систематизација на работните места, поради видот и природата на работните задачи, како и посебните услови под кои тие се извршуваат, е утврдено дека може да се спроведе постапка за вработување и без јавен оглас.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЈП Водовод отвори нова лабораторија за молекуларна микробиологија со real-time PCR детекција

ЈП Водовод отвори нова лабораторија за молекуларна микробиологија со real-time PCR детекција

Пендаровски со ќерката на Роберт Ф.Кенеди во Њујорк

Пендаровски со ќерката на Роберт Ф.Кенеди во Њујорк

Еве ја прогнозата за следните денови: што најави Славчо Поповски

Еве ја прогнозата за следните денови: што најави Славчо Поповски

ЕДНАШ НЕДЕЛНО ЌЕ СЕ ЛЕТА НА РЕЛАЦИЈА Санкт Петербург – Скопје: Еве ги деталите

ЕДНАШ НЕДЕЛНО ЌЕ СЕ ЛЕТА НА РЕЛАЦИЈА Санкт Петербург – Скопје: Еве ги деталите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Грчките медиуми пишуваат дека бил спречен атентат на Заев, тој не коментира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Грчките медиуми пишуваат дека бил спречен атентат на Заев, тој не коментира

Скопјанец ја оставил вратата отклучена, по што насилници му упаднале и го истепале

Скопјанец ја оставил вратата отклучена, по што насилници му упаднале и го истепале

(ВИДЕО) Во тензична атмосфера започна седницата на Комисијата за политички систем

(ВИДЕО) Во тензична атмосфера започна седницата на Комисијата за политички систем

Заев за пописот: Многу граѓани кои одбиле, на вториот обид се одзвале

Заев за пописот: Многу граѓани кои одбиле, на вториот обид се одзвале

Заев: Објектите помогнаа да не умираат луѓе на паркинзи

Заев: Објектите помогнаа да не умираат луѓе на паркинзи