05 Декември, 2025
0.0391

СДСМ: Вработување во скопските јавни претпријатија само преку партија

Објавено во: Економија 03 Декември, 2012 16:05

Добивај вести на Viber

Списоците за партиските вработувања во скопските јавни претпријатија се кројат внатре во партиите, тврдат опозициските советници.Според нивните информации, се работи за тотално нови вработувања, а не за регулирање на рабтниот статус на веќе вработените. -Некои лица кои се наоѓаат на тие списоци, тврдат дека сите вработувања се договараат во партиите и тоа не се оние кои се привремено вработени, туку напротив, тие се исфрлени од списоците, за на нивно место да бидат додадени и редовно вработени, нови партиски членови, изјави Драги Давчевски, советник од СДСМ во Град Скопје. Иако за оваа точка требаше да се расправа на денешната вонредна седница, сепак информацијата за партиските вработувања ќе се разгледува на следната редовна седница, што ќе биде одржана во текот на месецот. Иако беше присутен, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и денеска не даде изјава за масовните вработувања во претпријатијата што се под негова надлежност. За советниците од владејачката коалиција, оваа точка е само политичка игра од страна на опозицијата, затоа што прво ја ставиле а потоа ја повлекле од дневниот ред. Инаку минатата недела на вонредната седница, директорите на дел од повиканите јавни претпријатија Дрисла, Водовод и канализација и ЈСП Скопје,, децидено изјавија дека се работи за трансформација на постојаните привремени вработувања во редовен статус на вработени. Но сепак некои изјавија дека можеби случајно се погодило двајца или тројца да се членови на ВМРО ДПМНЕ.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје