18 Декември, 2025
0.0633

ВРАБОТУВАЊЕ: „Пекабеско“ бара нови работници!

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2014 11:50

Добивај вести на Viber

Месната индустрија „Пекабеско“ е отворена за нови вработувања. Две години по отворањето на новиот Производствено логистички центар, водечката компанија во бизнисот со производство на сувомесни производи и дистрибуција Пекабеско веќе реализираше 100 од предвидените 200 нови вработувања, но има потреба од уште работници. Првиот извршен директор на Пекабеско, Слободан Кутревски уште за време на свеченото отворање на новиот Центар во ноември 2012 година, објави дека компанијата отвори повеќе огласи за вработување на лица од различни профили, неопходни за постојан развој на компанијата, како и за континуирано унапредување на квалитетот и зголемување на процесот на производство. Огласот за нови вработувања е постојано отворен. Сите заинтересирани можат да испратат своја кратка биографија на една од следните e-mail адреси: pravna@pekabesko.com.mk или cv@pekabesko.com.mk, како и на поштенската адреса на компанијата: Ул. 10 бр. 44; Кадино, Илинден. Производствено – логистичкиот центар на Пекабеско е инвестиција вредна 13 милиони евра и е со површина од 19.700 м2. Повеќе од половината или 10.500 м2 припаѓаат на производствениот дел, а на дистрибутивните складишта 5.600 м2. Центарот ги исполнува сите европски и HACCAP  стандарди за производство на сувомесни производи, а Пекабеско постојано ја збогатува својата палета на производи според барањата и вкусот на потрошувачите, информираат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“