17 Декември, 2025
0.0646

Вработување во АД „Македонски Железници“

Објавено во: Економија 06 Август, 2013 11:23

Добивај вести на Viber

Оглас за вработување на 25 општи работници на неопределено време распиша Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Македонски железници“ Скопје. Врз основа на член 14 став 1, член 19 став 2 и член 23 став 1 од Законот за Работни односи (Сл. весник на РМ. бр. 52/12 и 13/13 и 19/13), член 4 од Колективниот Договор на ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници Скопје, Известувањето од Министерството за финансии бр.02-5254/5 од 26.07.2013 година и Одлуката бр. 1181/1 од 31.07.2013 година, Јавното Претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници Скопје, огласува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на работници на неопределено време во Јавното претпријатие за  железничка инфраструктура Македонски железници Скопје. I. Да се огласи јавен оглас за потребата од вработување на работници во Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници Скопје на неопределено време. Јавниот оглас се однесува за прием на вработени од следните занимања: дваесетипет (25) лица со завршено основно образование за работно место Општ работник; II. Покрај општите услови предвидени со законските прописи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: 1. За работно место Општ работник, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови: да имаат завршено основно образование, да бидат психофизички здрави и CO работно искуство од најмалку 2 години. Искуство од работа на пруга ќе се смета за предност. Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (07,00ч 15,00ч), основна плата: 13.800,00ден. Кандидатите, покрај горе наведените услови во точка ИИ треба да го исполнуваат и условот да се државјани на Република Македонија. III. Кон пријавата кандидатите треба да достават докази за исполнување на предвидените услови. Рокот за пријавување на кандидатите изнесува пет (5) работни денови од денот на огласувањето на јавниот оглас. IV. Избор на пријавените кандидати ќе се врши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати. V. Пријавите, кандидатите да ги доставуваат на адреса: ЈП МЖ Инфраструктура Скопје човечки ресурси, ул. “Јордан Мијалков”бр.50 б, Скопје, со назнака “за јавен оглас” по пошта или во архивата на ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници Скопје, секој работен ден од 8.00 часот до 16.00 часот. Ненавремените и непотполни пријави нема да бидат разгледувани. ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници Скопје

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас