19 Декември, 2025
0.0542

Вратете ја убавината на традицијата и пратете љубовно писмо од Скопје сити мол

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2018 14:09

Добивај вести на Viber

Речиси во сите земји низ светот, на 14 февруари се одбележува Денот на вљубените. По тој повод, Скопје сити мол во периодот од 8 до 14 февруари преку кампањата „Испрати љубов“ ќе се обиде да ги потсети сите посетители на една добра и стара, но подзаборавена навика - изјавување љубов преку романтични писма или љубовни картички и да донесе возбудлива љубовна еуфорија во градот. Со приложена фискална сметка во вредност од над 500 денари, купувачите во трговскиот ќе имаат можност да учествуваат во забавната игра „Љубовна пошта“ и да испратат љубовна картичка или љубовно писмо до своите сакани на адреси во Скопје.


„Како големи поборници на задржување на практиката за правење убави нешта, во ера на дигиталниот свет и во време кога се живее динамично и со брзо темпо, одлучивме да креираме кампања што ќе ги освои сите генерации подеднакво. Постарите ќе ги потсети на еден од најубавите периоди во нивните животи, кога сета љубов и копнеж по саканите ја пренесувале на парче хартија, а на помладите, пак, ќе им ја доближи традиција што ќе го подигне нивниот романтичен дух. Учесниците во оваа кампања ќе имаат можност да изберат една од 10те дизајнирани љубовни картички изложени во Љубовната пошта во нашиот трговски, на кој што ќе напишат романтична порака до партнерот, вметната во адресиран плик, а поштарите истата ќе ја достават во текот на наредниот ден, директно до примателот“, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на Скопје сити мол.


Во ерата на СМС пораки, е-пошта и онлајн преписки, вистинска реткост е рачно напишано писмо во кое се изнесуваат најчисти емоции. Вратете ја убавината на традицијата, доживејте ја љубовната еуфорија преку „Љубовната пошта“ на Скопје сити мол и овозможете ѝ го на вашата љубов она преубаво чувство на отворање парче хартија и допир на површината на којашто сте се обиделе да ги споделите вашите најискрени мисли. 


Како дел од оваа кампања, во Скопје сити мол изложени се 6 од најпознатите љубовни писма напишани низ историјата, она на Наполеон Бонапарта испратено до љубената Жозефина де Боарне, писмото на Фрида Кало до саканиот Диего Ривера, писмото на Лудвиг ван Бетовен до неговата најголема но за јавноста непозната љубов, романтичните пораки од Елизабет Тејлор до нејзиниот сакан Ричард Бартон, како и писмото полно копнеж на Роналд Реган до сопругата Ненси.


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка