„ВРЕДИ“: Гаши е втор човек на државата и има право да го прати обезбедувањето на аеродром за Косово
Објавено во: Македонија 09 Август, 2024 17:29
Од коалиција „Вреди“ велат дека како втор човек во државата, Африм Гаши има право да го прати своето обезбедување на аеродромот.
Велат дека Гаши на 1 август го пратил шефот на неговото обезбедување на скопскиот аеродром „чисто информативно“, да види што се случува со косовската претседателка Вјоса Османи кога аеродромското обезбедување не ѝ дозволило да се качи на комерцијален лет без да ѝ биде поминат личниот багаж и телефонот на скенер. Како што кажа портпаролот на „Вреди“, Фари Хисени, тој не бил таму да прави да прави немири или да се меша во ингеренциите на аеродромот, туку само да види што се случува.
За Гаши, Хисени кажа дека е втор човек во државата и како таков има право да го прати неговото обезбедување на аеродромот за „соседна држава како Република Косово“.
„Претседателот на Собранието во конкретнот случај не предизивкал немири во аеродромот со претседателката на Косово, туку по нејзино барање се упатил шефот на обезбедувањето на Гаши до аеродромот за да види, затоа што стигнало директно јавување кон претседателот на Собранието Гаши. Не со иницијатива, не со поттик да се отиде, да се направи некој немир или да се постапи противзаконто. Гаши по барање на претседател на соседна држава пратил негово обезбедување чисто да види каква е ситуацијата и што се случува. Има право како втор човек на држава за соседна држава како Република Косово да прати негово обезбедување да види што се случува. Он не води таму истрага, он не води таму кавги со вработените, туку чисто да земе информации што е проблемот со можниот скандал. На вториот човек на државата му припаѓа тоа како можност. Праќање негово обезбедување да види што се случува информативно и мешање во ингеренциите на аеродромот не е исто“, изјави Хисени денеска на прес-конференција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село





