05 Декември, 2025
0.0331

Вредноста на еврото падна на двегодишниот минимум

Објавено во: Свет, Финансии 11 Јули, 2012 10:16

Добивај вести на Viber

 Вредноста на заедничката европска валута се намали денеска на нов двегодишен минимум во однос на доларот, бидејќи трговците се уште не се сигурни дали најновиот потег на еврозоната ќе ги реши големите должнички проблеми на Шпанија.

Вредноста на еврото денеска се намали на 1,2246 долари, што е најниско ниво од 1 јули 2010 година, а надминат е и претходниот двегодишен минимум од 1,2251 долар, кој е забележан во понеделникот.

- Очигледно е дека вестите дека шпанските банки ќе имаат пристап до средствата во износ од 30 милијарди евра до крајот на јули, доколку тоа биде потребно, не успејаа да ги отстранат стравувањата во врска со иднината на банкарскиот сектор на земјата, изјави аналитичарката на „Рабобанк“, Џејн Фоли.

Министрите за финансии на членките на еврозоната синоќа по маратонските преговори во Брисел се договорија на Шпанија да и понудат 30 милијарди евра помош за банките. Тие исто така го продолжија рокот до кој Шпанија треба да го намали буџетскиот дефицит на три отсто од Бруто домашниот производ за една година, односно до 2014 година, поради тешките економски услови со кои се соочува државата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена

(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена