ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ НЕШТО: Какви се плановите на Заев за бездомните кучиња
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2018 13:16
Последната трагедија која се случи во текот на вчерашниот ден е уште една потврда дека е потребно итно решавање на проблемот со бездомните кучиња.
Секоја искажана тага за случајот со 17 годишното девојче не треба да биде лицемерна туку треба да биде силна причина да се воведе ред со скитниците.
Заев искажувајќи жалење за трагедијата во Гостивар вели дека се размислува за промена на законите за решавање на проблемот со бездомни кучиња.
Проблемот премиерот го лоцира во компликуваните закони кои општините не можат да ги постигнат, но, како што рече треба да се следат препораките на ветеринарите.
„Јас знам како поранешен градоначалник дека Општина Струмица плаќаше огромни суми за приватни компании кои организираа центри за згрижување на кучиња согласно стандардите. Размислуваме на промена на легислативата во пофлексибилен начин кој ќе ги почитува меѓународните стандарди за заштита на животот на жиувотните, но Република Македонија да може да го спроведе, бидејќи надлежноста е кај општините. Еден начин е преку промена на законодавството, потоа и кон повнимателно слушање на ветеринарите и спроведување на нивните укажувања“ - рече премиерот Зоран Заев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




