ВРЕМЕ Е ЗА „САМ СВОЈ ГАЗДА“: 10 знаци дека треба да почнете да работите за себе
Објавено во: Финансии 17 Јули, 2017 15:47
Сите шефови сакаат да вработат амбициозни службеници со врела енергија и многу идеи. На теорија. Во пракса, понекогаш се случува „началниците“ да се плашат од такви луѓе, бидејќи ги чувствуваат како конкуренција за сопствената фотелја. Но можете ли да ја менувате работата секој пат кога некој ќе ви го одредат за закана? Ова не е рационално решение. Подобро замислете се дали ќе биде можеби подобро да почнете да работите за себе, пишува Forbes. Еве кои се знаците дека времето за тоа е дојдено.
1. Можете да постигнете повеќе отколку што ви овозможува сегашната работа, бидејќи квалификациите и компетенциите ви се протегаат надвор од неа.
2. Имате одлични идеи, но одредени политики на компанијата ви пречат да ги реализирате.
3. Молчите на состаноци, бидејќи знаете дека премногу ентузијазам може да вознемири некого.
4. Сонувате за големите работи кои можете да ги направите - и не гледате начин да ги упатите на сегашната работа.
5. Блиски и пријателите ве советуваат да го напуштите работното место и да се обидете да создадете свој бизнис.
6. Работите најдобро кога не сте во канцеларијата - ви текнуваат одлични идеи под туш или додека патувате кон дома.
7. Постојано мислите: "Би можел / можела да го направам тоа подобро" за различни нешта во работата.
8. Имате полн тефтер со планови, шеми и визии, но не и можност да ги претворите во реалност.
9. Се почесто се прашувате дали платата ви ја оправдува смртта на мозочните клетки, која си предизвикувате на работа.
10. Не поднесувате корпоративни правила. Сфаќате дека ќе можете да се ослободите, ако не сте толку ограничени.
Ако овие знаци се валидни за ситуацијата во која сте, не се плашете - тоа е можност! Направете си детален план и одете смело напред кон сопствениот бизнис.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





