ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Kaкви температури да очекуваме во февруари?
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2024 18:47
Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени. Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.
„Судејќи барем според моменталните анализи со кој располагаме, враќање на зимата и на снегот во Европа, Балканот и во Македонија очекуваме по 10 февруари, па така од средината на овој месец, па до крајот на истиот треба да биде постудено од вообичаеното со потпросечни температури на воздухот, што значи дека слободно можеме да кажеме дека далеку сме од тоа да кажеме збогум на зимата“, вели метеорологот Славчо Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




