19 Декември, 2025
0.0674

„ВРЕМЕТО ПОМИНУВА, А РАНИТЕ И БОЛКАТА ОД 2001 НЕ МОЖАТ ДА ЗАРАСНАТ И ДА ПОМИНАТ“: 24 години од Карпалак, политичарите на социјалните мрежи ги спомнаа загинатите

Објавено во: Македонија 08 Август, 2025 09:40

Добивај вести на Viber

Во Прилепи во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. 

Повеќе делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а ќе биде посетена и месноста Карпалак каде на 8 август 2001 година во заседа загинаа 10-те прилепски бранители, кога беше нападнат армискиот конвој.

Делегација на Собранието во состав Биљана Кузманоска, Пеце Милевски и Миле Талевски, ќе положи цвеќе пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп.

Во Прилеп вчера почна одбележувањето на 24-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај Карпалак, со поклон пред спомен-обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“.

Потполковникот Сашко Палески, командант на гарнизонот „Мирче Ацев“ во Прилеп истакна дека спомените за загинатите ќе се чуваат, со порака - никогаш да не се повтори.

Почит на загинатите пред спомен-обележјето во касарната оддадоа повеќе делегации, како и семејствата на загинатите и здруженија на бранителите.

Во чест на загинатите бранители, вчера беше посетен нивниот споменик во прилепското село Лениште и манастирот „Света Петка“ каде се одржа вечерна богослужба.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата. 

По тој повод, голем број политичари и јавни личности се огласија на социјалните мрежи.

Премиерот Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи напиша дека Карпалак е рана но и аманет.

Слава за хероите од Карпалак.

Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува.

Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети.

Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.

Македонија никогаш нема да ве заборави!

Карпалак е рана, но и аманет.“, напиша тој.


На настанот се присети и Стојанче Ангелов.



„Денес, Македонија им оддава почит на резервистите кои ги положија животите бранејќи ја Татковината! Поклон и почит кон жртвите на заседата кај Карпалак!

Да ги паметиме овие жртви, за никогаш повеќе да не се повторат!“, напиша Силвана Бонева.


Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов исто така преку социјалните мрежи ги спомена имињата на загинатите.


Драган Ковачки пак, со поинаков статус.

Додека одредени поединци, според мене медиокритети, подпросечни ликови кои преку политиката профитирале за себе и за неколку генерации, ликови на кои не сакам ниту името да им го спомнам, се дрзнуваа и се дрзнуваат да судат од удобноста на фотелјите што ги наследиле преку лаги и сервилност, плукаа на љубовта, а од оваа временска дистанца и на лудоста за одбраната на својата татковина, па дури си земаа за право да ги омаловажуваат и да ги обезвреднуваат патриотските чувства, но и делата на македонските бранители, понижувајќи, обезвреднувајќи, изнаоѓајќи разни начини и измислувајќи цели приказни и сето тоа со единствена цел - да се спасат себе си од срамот што бегале, се криеле, дезертирале, имале друга поприоритетна работа, времето поминува и се’ уште не ги лечи раните.

Тие што тогаш се криеа и бегаа од честа да паднат за Македонија, денес бегаат од вистината.

Но, вистината живее во тишината на болката што ја носиме ние живите, барем додека и ние не заминеме.

Времето поминува, а раните и болката од 2001 не можат да зараснат и да поминат. Времето го лечи и само го отапува чувството за болка, но празнината од предавствата и од загубата на браќата од кои повеќето лично и не сме ги познавале, останува засекогаш.

И лично мислам дека раните и не треба да зараснат, затоа што таа болка треба да не потсетува дека имало време и луѓе кои не мислеле лично на себе туку мислеле на нас. Тие луѓе не калкулираа за својот живот, а уште помалку за својата кариера.

Деновиве ги одбележуваме погибијата на Карпалак и Љуботенски Бачила. Нека им е вечна славата на македонските бранители кои загинаа за Македонија.

Срцата на јунаците не запираат да чукаат, тие продолжуваат да чукаат во сите искрени македонски родољуби“, напиша тој.






Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот