ВРЕМЕТО ТЕЧЕ: Груевски засега нема мнозинство да состави влада
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2017 09:10
Партијата на мандатарот за составување нова влада Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека се неприфатливи условите за формирање на владеачка коалиција, кои ги постави ДУИ и Али Ахмети.
ДУИ завчера ги утврди клучните елементи од кои нема да се откаже од преговорите со било која партија и било кој мандатар за формирање на влада мора да ги прифати. Тоа е прифаќање на албанскиот јазик како втор официјален, продолжување на мандатот на СЈО и забрзување на процесот на евроинтеграциите.
Меѓутоа, ВМРО ДПМНЕ вчера наведе дека нема да преговара, ниту ќе дозволи промена на Уставот со која албанскиот би станал втор официјален јазик во Македонија, а мандатот на СЈО би бил продолжен.
Груевски има рок до 29 јануари да обезбеди мнозинство во парламентот и да формира кабинет. Неговата партија на неодамнешните избори освои 51 мандат, а со 10 пратеници на долгогодишниот коалиционен партнер ДУИ би имала тесно мнозинство од 61 пратеник во Собранието со 120 места.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред три дена рече дека очекува повик од Груевски за преговори за новата коалициона влада, а два други можни коалициони партнери Движењето Беса и Алијансата за Албанците рекоа дека не сакаат да преговаат за влада со лица осомничени за криминал.
Доколку Груевски не успее да формира влада до 29 јануари, мандатот би требало да го добие лидерот на втората по големина партија СДСМ, која освои 49 мандати.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




