19 Декември, 2025
0.0589

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 07:44

Добивај вести на Viber

Во Македонија сведоци сме дека често за прослави граѓаните си прават огномети на своја рака, но тоа е голем ризик по здравјето и животот на луѓето. Огнометот мора да се пријави во полиција, но и него треба да го организираат стручни лица. Пиротехничарот во пензија, Ефтим Митров вели дека на прсти се бројат фирмите во земјата кои поседуваат лиценца и можат да прават огномети. Митров порачува граѓаните да не си играат со оган, затоа што тоа може да заврши фатално.

„Секоја ноќ гледаме огномети, сè тоа е на црно. Не се легални тие огномети. Не е важно дали огнометот трае 5 секунди или 10 секунди, се пријавува 48 часа однапред во МВР со локација, кој човек со лиценца, со име и презиме ќе го врши, какво е полнењето и се заверува документот во станицата која е најблиску. Дури и ако некој граѓанин пријави подоцна, да се знае дека тој огномет е легален. Во градска средина не смее огнометот да биде по 23 часот за да не се вознемируваат луѓето. Надвор од населени места може максимум до 24 часот, но не подоцна од тоа. На Бит Пазар ако се продава огономет, тоа е незаконски. Не може било кој да го прави огнометот,  си има правила, тоа е како куршум, како бомба. Во Грција летово  остров изгоре, некои странци си правеле огномет. За жал кај нас секој викенд има огномети. Си ги купуваат некаде, самите си палат, каде ќе им текне таму. Не само што може да се повредат, туку може и да загине некој. Тоа буквално е куршум, експлозивно полнење. Треба да има и простор нагоре. Во Кочани се работеше за мал огномет, може да се користи во затворен простор, ама не на таа висина и плус покривот бил запалив. Тоа може да се користи во спортска сала. Имаше скоро во некој хотел во соседството се запали сала од погрешен огномет на погрешно место. Ако сакаат огномет за нешто, ќе се обратат кај овластени луѓе кои се лиценцирани, тие одговараат и гарантираат за него. Не може на 30 часа однапред, мора на 48 часа да се пријави огнометот во полиција, си има правила кои треба да се почитуваат“, објаснува Ефтим Митров, пиротехничар во пензија.

Вели дека дури и за најмал огномет, граѓаните мора да бидат совесни, да пријават, да повикаат стручни лица за да нема несакани последици.

„Има легални огномети за Нова година, за градски прослави, како што беше карневалот во Струмица. И на роденден и најмалиот огномет во двор на ресторанче мора да биде пријавен во полиција и мора да биде активиран од стручни лица.  Недозволиво е огномети да се продаваат на тезга на пазар“, додaва Митров.

Инаку, во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа најмалку 59 луѓе. Од снимките кои се појавија по трагедијата, се виде дека искра од пиротехниката го потпали покривот. Како што соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски немало пријава дека во објектот во Кочани ќе се користи огномет.

Во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир објавен на веб страницата на Министерството за внатрешни работи стои дека „Кој на јавно место неовластено приреди огномет, факелијада или слична приредба или не преземе мерки за безбедност во смисла на членот 39 од овој закон ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност“. Како што стои во законот, Секторот за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи(МВР) на кого му е поднесена пријавата може да го забрани палењето на ракети,  ако тоа е во интерес на безбедноста. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот