06 Октомври, 2024
0.0265

ВРНЕЖИТЕ ОД ДОЖД ЌЕ ПРЕМИНУВААТ ВО ВРНЕЖИ ОД СНЕГ: Kaкво време ќе имаме за викендот?

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Под влијание на влажен воздушен бран од југозапад, од следните часови во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет. На планините со надморска височина од 1400 – 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток во попладневните и во вечерните часови особено во западните и во северозападните предели, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на местата од под 1000 метри, со што врнежи од снег ќе има особено на повисоките населени места, а слабо провејување на снег локално можно  е и во градовите.

„Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд,  а особено во четврток попладне и навечер на околните планини ќе провејува снег. Можно е слабо провејување на снег и во повисоките предели од котлината, а ќе дува и засилен ветер од северен правец. Со овој бран на врнежи, на планините и на Скијачките центри ќе дојде до формирање на нова снежна покривка (понекаде за околу, па и повеќе од 10 сантиметри снег). Помала снежна покривка можно е да се формира и на повисоките населени места во западните и во северозападните предели од државава. Во петок, како и за време на викендот ќе имаме стабилно и суво време со повеќе сонце, што значи ќе одмориме од ова многу променливо време. Од четврток наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, а релативно студено време ќе имаме и преку ден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Исто така и во земјите од регионот во следните часови се очекува и формирање на снежна покривка и  на помала надморска височина, а на планинските места, особено во Босна ќе дојде до формирање на поголема снежна покривка (од 10 до 20 сантиметри снег).

Можеби ќе ве интересира

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија