18 Декември, 2025
0.0598

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - малолетничка истепана, но и снимана од врсници кои место да спречат, подбуцнуваат

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2024 16:25

Добивај вести на Viber

Врсничкото насилство меѓу младите, децата, осбено меѓу тинејџерите добива се поголеми размери. За да биде парадоксот уште поголем, наместо обиди за спречување и помирувње помеѓу децата кои се во конфликтна ситуација, нивните врсници снимаат и „додаваат масло на огнот“. 

На социјалните мрежи се споделува видео од врсничко насилство кое се случило во петокот во центарот на Скопје во фрекфентен дел од градот. 

Видеото, како што може да видите, го пренесува моментот кога три девојки најпрво вербално напаѓаат друга девојка, сите тинејџерки, додека останатите кои снимаат, само довикуваат, во насока на ескалација на состојбата, не со намера да ги смират раскараните. 

Во еден момент, кога караницата ги губи границите, две од трите девојки силно ја напаѓаат едната тинејџерка, по што настанува целосен хаос. Додека девојките ја маваат и тегнат за коса, и таа фаќа една од напаѓачките за коса и сите заедно паѓаат на земја. 

Но, за да биде парадоксот поголем, иако има многу млади лица, најверојатно нивни врсници, нема повици за смирување, туку повеќе за разгорување на ситуацијата. 

За среќа во тепачката се замешува еден дечко, кој со тешки сили се обидува да ги одвои девојките кои силно се влечат за коси, а потоа и повозрасен човек му помага. 

Како што неофицијално дознаваме, во тепачката учествуваат ученици од средното училиште „Јосип Броз Тито“, а навивачите се најверојатно нивни соученици. 

Случајот е пријавен во полицијата и истиот најверојатно е дел од билтенот на МВР објавен во петокот. А во него само накратко е напишано дека татко на нападантата девојка пријавил оти во 13 часот во центарот на Скопје по расправија, неговата ќерка е истепана од две малолетнички кои ги познавала. 

- На 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За да биде парадоксот поголем, нападот се случил на пладне во фрекфентен дел од главнот град, а тепачката не се обиде да ја смират најголем дел од многубројните сведоци, само едно момче, и повозрасен граѓанин кој се приклучи на обидите на момчето да ги раздвои затепаните девојки. 

Видеото може да го видите на следниов линк.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери