17 Декември, 2025
0.1329

Вртат ли нова страница Куба и ММФ?

Објавено во: Свет 31 Јануари, 2015 08:30

Добивај вести на Viber

До каде ќе стигне отворањето на Куба? Откако ги продолжи контактите со САД, комунистичкиот остров би можел да ја пробие во поголема мера економската изолираност, откако се зближи со Меѓународниот монетарен фонд, друг стар непријател. Ова би можело да се случи, иако не недостасуваат пречки, пишува во својата анализа за AFP Џереми Торджман.

ММФ не секогаш уживаше  авторитет во Хавана, како и меѓу голем број нејзини јужноамерикански сојузници (Венецуела, Боливија ...), кои обвинуваат дека се финансира од приврзаниците на економскиот "неолиберализам".

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро никогаш не ја пропушташе можноста да се исправи против една "злобна институција и нејзините "убиствени совети", на почетокот на претходната деценија тој упати и повик, чисто и едноставно таа да биде "избришана".

Под негово водство Куба дури стана, во април 1964 година единствената земја во светот, која и ја тресна вратата на институцијата, иако таа беше една од земјите основачи на Фондот. Тогаш Островот ги наруши односите и со Светската банка.

Резултатот: Денес Куба е една од ретките земји, заедно со Северна Кореја и Лихтенштајн, кои се надвор од овие две институции, претставуваат клучна носечка конструкција на меѓународниот финансиски систем.

Пречки

Времињата сепак се менуваат. "Врховниот лидер" веќе не се почитува со иста мера, економските врски со Вашингтон се затоплуваат и новата генерација кубански раководители изгледа не е толку непријателски расположена кон институциите од Бретон Вудс, истакнуваат експертите.

"Младите Кубанци се повеќе отворени кон идејата да учествуваат во светската економија, а тоа значи нормализација на односите со ММФ и Светската банка", тврди пред AFP поранешниот советник за Латинска Америка на претседателот Бил Клинтон, Ричард Феинберг.

Прекинувањето на американското ембарго, кое е во сила од 1961 година, Куба би можела да го искористи со пристапување кон ММФ, за да привлече инвеститори и да се подготви за отворање кон американските туристи, кои сега не се дозволени на Островот. Строго регулираната, кубанската економија сега едвај се движи со раст од 1,3% во 2014 година - на најниско ниво од доаѓањето на власт на Раул Кастро во 2006 година. Социјалните нејзини индикатори (образование, здравство ...) при сето тоа се премногу високи според индексот за човековиот развој на ОН.

Враќањето на Куба во ММФ нема да биде лесно. Земјата ќе мора да поднесе официјално барање за пристапување, да и обезбеди ресурси на институцијата и да прифати "да ги почитува обврските кои ги имаат земјите-членки", изјави за AFP портпаролот на Фондот. Со други зборови - Хавана ќе мора да прифати да отвори својата економија и да се подложи на годишни проценки на ММФ со ризикот да ја биде покори својата политика во некои сфери. Сепак земјата засега не дала сигнали за намери на оваа тема.

Претпазливост

ММФ нема да погледне со лошо око на пристапувањето на Куба, што би му овозможило да ја засили репрезентативноста, но засега зазема позиција на исчекување.

"Ние чекаме и гледаме", изјави неодамна директорот на ММФ. Позицијата на САД ќе биде од клучно значење за ММФ, во кој Вашингтон има право на вето и е најголемиот акционер.

Американскиот Стејт департмент засега одбива да коментира на оваа тема.

"Патот ќе биде долг", тврди за АФП Хуан Триана, професор во Хаванскиот универзитет. Според Триана клучевите за кубанскиот развој се повеќе во Вашингтон, отколку во ММФ.

Ембаргото и вклучувањето на Куба во американската листа со земјите што го поддржуваат тероризмот, се пречки кои не дозволуваат на Фондот или на Светската банка "да направат што и да било" за Островот, додава тој.

К.К.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“