ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ
Објавено во: Мои пари 18 Април, 2024
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ втора година по ред е прогласена за најпосакуван работодавец на манифестацијата „Работодавач на година“ во категоријата приватни болници.
Пред повеќе од 300 присутни македонски и странски компании им се оддаде признание на најуспешните работодавци во 2023 година, кои со своите огласи за вработување предизвикале најголем интерес на овој сајт.
Манифестацијата „Работодавач на годината“ е во организација на првиот сајт за огласи за работни места во земјава Vrabotuvanje.com.
Во име на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, наградата ја прими Марија Капетановска – директор за човечки ресурси.
Зад брендот „Аџибадем Систина“ веќе 14 години стојат големи достигнувања и успеси, пионерски интервенции, успешни стории, врвен медицински тим и најсовремена опрема во земјава и регионот. Во болницата досега се изведени повеќе од 170 000 хируршки интервенции, 1 700 000 амбулантски услуги, како и импозантна бројка од над 1 милион регистрирани пациенти. Благодарение на стручноста на тимот и најсовремените услови за здравствена грижа, „Аџибадем Систина“ продолжува да биде првиот избор на пациентите од земјава и регионот. Во болницата работи тим од над 210 врвни специjалисти од сите области и повеќе од 400 медицински сестри, а нивната експертиза надополнета со најсовремена медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент.
пр објава