ВТОРА НЕСРЕЌА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА: Еден загинат и повредени во море
Објавено во: Балкан 30 Јули, 2018
Во Заливот Бока Которска, кај Луштице, се случи несреќа при што едно лице загина, а повеќемина се повредени.
Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност, Сафет Кочан.
Тој додаде дека во тек е акција за спасување на повредените лица. Во спасувачката вклучен е и хеликоптер.
Ова е втора несреќа на море за една недела.
Минатата недела во Улцињ загинаа мајка и син, од Словенија. Несреќата се случи кога „банана“ закачена за скутер, на која се наоѓаа четири лица удри во брод.