Втора рунда на „пазарлак“ меѓу ЕУ-Турција, Jункер ја „пресече“ Турција
Објавено во: Балкан 17 Март, 2016
Според нацртот на договорот за кој денеска лидерите на ЕУ ќе разговараат, ќе се отворат нови поглавја за преговори за еврочленство на Анкара против нејзиниот великодушен предлог да ги прифати назад бегалците од Грција. Неочекувана позиција, сепак, изрази претседателот на Еврокомисијата
Неочекуван пресврт во денот во кој почнуваат последователни тешки преговори во Брисел поради договорот меѓу ЕУ и Турција, која треба да ја спаси Европа од миграција инвазија.
Шефот на ЕК Жан-Клод Јункер отсече дека еден од условите на Анкара - која брза на членството во ЕУ, не може да се исполни во времето.
Според него Турција не е подготвена за ЕУ.
Минатиот понеделник по часови разговори Анкара посго тави како услов забрзување на постапката за нејзиното еврочленство и за тргање на визите за турските граѓани. Во замена Турција предложи бонус - да прифати назад по еден мигрант од Грција за секој Сириец од нејзината територија, кој биде раселен во земјите од ЕУ. Изненадувачки лидерите се договорија да и доделат дополнителни 3 милијарди евра на Анкара. При претходната таква средба во ноември беа договорени други 3 милијарди, од кои сепак ништо не било исплатено. На средбата од 7 март беше донесена одлука и за затворање на Балканскиот пат.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека Турција не е подготвена да стане членка на Европската унија во наредните 10 години.
Преговорите започнаа во 2005 година
Во планот денесна лидерите на земјите-членки е да се обидат да се договорат помеѓу себе за новите барања на Анкара за миграцијата. Утре се очекува Европскиот совет да разговара со турскиот премиер Ахмет Давутоглу по постигантиот договор денес. Во Брисел се подготвени и овие разговори да продолжат подолго.
По патот на договор меѓу ЕУ и Турција сепак изникнуваат бројни пречки.
Прво, голем број земји се изјаснија против врзувањето на еврочленството на Турција и падот на визите до јуни со бегалците. Второ, некои земји, претежно Италија, се изјаснија против давањето на новите 3 милијарди евра, тврдејќи дека Турција не ги извршува своите обврски во намалување на миграциските текови во Европа. Шпанија исто така се залага против подготвување договор со Турција, а вчера протести имаше во Мадрид. Шпанија се залага против колективното испраќање на бегалци назад во Турција, сметајќи дека тоа е прекршување на нивните права согласно меѓународното право.
Трето, Кипар долго време го блокира напредокот во процесот на пристапување на Турција кон Европската унија. Претходно Европската комисија изјави дека договорот за ограничување на масовната миграција кон Европа зависи од тоа дали може да бидат надминати тензиите меѓу Анкара и Никозија.
Сепак она што се чека во Брисел, ако се следи нацрт на договорот -
ЕУ ќе "се подготви за одлуката за отворање на нови поглавја" од преговорите за членство на Турција во Унијата. Ова се вели во ажурирана верзија на нацрт договорот меѓу Брисел и Анкара за ограничување на миграцискиот прилив. Веројатно сепак визите нема да ја тргнат рачката пред Анкара да одговори на поставените 72 услови, изјави извор од Брисел.