Добивај вести на Viber
Ако врнежите од дожд продолжат до 21 часот, ќе биде прогласена вонредна ситуација во цела Србија, најави премиерот Александар Вучиќ.
Со Европската Унија е договорена помош од 1.2 милиони евра за поплавените домаќинства. Премиерот го посети селото Дљин во општина Лучани, каде се изли реката Бјелица и поплави куќи, помошни објекти, ниви и пластеници.
Водата е испумпана и сега се поплавени само нивите. Вучиќ им рече на граѓаните да не се грижат, затоа што ќе добијат пари со кои ќе ги надоместат штетите.
„Важно е да ги спасиме животите“-рече тој.
Српскиот премиер ги обиколи и фабриките во близина и за нив вети помош.