Вучиќ коментира дека во Брисел уште еднаш ништо не се случи
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022 17:38
Уште еднаш ништо не се случи, Скопје и Тирана направија сè и заслужуваат преговори, коментира српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој дава поддршка и се надева дека двете соседни земји набрзо ќе ги почнат преговорите со Европската Унија(ЕУ). Српскиот претседател додаде дека Приштина не добила визна либерализација, Босна и Херцеговина не добила кандидатски статус, а Србија била критикувана поради невоведувањето санкции кон Русија.
„Денес Србија даде голема поддршка за почеток на процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, но ете уште еднаш ништо не се случи. Верувам дека нашите пријатели од Скопје и Тирана заслужија отворање на преговорите и се надевам дека тоа ќе се случи што е можно побргу. Не се работи за едно формално барање, туку е нешто што е неопходно затоа што двете земји сторија сè, ги исполнија сите услови. Граѓаните во Северна Македонија и Албанија го заслужуваат тоа“, рече Вучиќ.
За иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање нова политичка заедница, Вучиќ смета дека треба да се прифати. Српскиот претседател рече дека тоа би бил единствениот начин за гласот на земјите од регионот да биде слушнат, а дека ќе може да се видат и размислувањата на европските колеги.
фото Принтскрин
Можеби ќе ве интересира
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол




