ВУЧИЌ НА ГАЛА ВЕЧЕРА - набргу германските компании ќе вработуваат повеќе од 100.000 српски граѓани
Објавено во: Економија 26 Јануари, 2023
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на првата гала вечера на Германско-српската стопанска комора (АХК) во хотелот Хилтон во Белград.
Германски фирми дојдоа кај нас, тие фабрики вработуваат наши работници и инженери. Денеска 8,3 милијарди евра ни е трговската размена – рече во таа прилика Вучиќ.
Според него, се очекува 100.000 луѓе од Србија да најдат работа во германски компании.
- Побрзо напредувавме благодарение на германските компании кои меѓу другото ни ги променија навиките - рече Вучиќ и посочи дека тоа се пресвртни точки.
Како што истакна, важно е да продолжи соработката со германските компании.
Оваа деловна организација брои повеќе од 400 членови, а германските компании во Србија вработуваат повеќе од 70.000 луѓе. Германија е најголемиот индивидуален инвеститор во Србија, изјави Милан Грујиќ, првиот човек на АХК во Србија на првата гала вечера на АХК Србија (Германско-српска стопанска комора).
Според него, повеќето од анкетираните компании би се одлучиле повторно да инвестираат во таа земја.
Трговската размена, посочи, расте се повеќе и повеќе.
Тој им се заблагодари на српската бизнис заедница и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за поддршката.
- Успехот поврзува - го посочи на крајот мотивот на АХК.
Како што претходно беше најавено, целта на овој настан е продолжување на успешниот развој и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.
Извор: НовостиФото: Инстаграм
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.