Вучиќ: Србија ја следи ситуацијата во Македонија, мирот да се сочува
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2017
Српскиот премиер, Александар Вучиќ вели дека Србија ја следи ситуацијата во Македонија и во БИХ и ќе направи сè да ги сочува мирот и стабилноста, но нема да се меша во внтарешните работи на своите соседи, објавија српските медиуми.
Ова Вучиќ го изјавил по средбата со претседателот на владата на германската покраина Хесен Фолекер Буфије, со кој разговарал за ситуацијата во регионот, и притоа смета дека тоа е коректен став на Србија.
На прашање како ја коментира ситуацијата во Македонија и во БИХ, Вучиќ оценил дека Белград секогаш имал коректни односи со Скопје, но дека никогаш нема да дозволи некој да ја понижува Србија.
„Што се однесува до БИХ, тоа е тешко прашање за нас“ - изјави Вучиќ и додал дека и на својот соговорник од Германија му рекол дека Србија ќе даде сè од себе за да се сочуваат мирот и стабилноста на регионот, бидејќи тоа е услов за напредок и за доаѓање на нови инвеститори.
На средбата акцент беше ставен на привлекување инвестиции од Германија.