22 Ноември, 2024
0.0268

ЗА 10 ГОДИНИ ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ПОПРАВА ОБУВКИ: Чевларите се песимисти за иднината на нивниот занает

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Живееме во времe кога на многу занаетчии добро им оди, солидно заработуваат, но чевларите не се оптимисти и велат дека во иднина прашање е дали ќе има кој да поправа чевли. 

Велат дека едвај опстануваат. Крпат крај со крај, а за многу од нив, работното време е повеќе од 8 часа на ден, така што дуќаните ги отвораат рано наутро, а дома си одат во попладневните часови. Повеќето чевлари семејно со генерации се занимаваат со овој занает.

„Имам 63 години и занаетот го наследив од татко ми. Овој занает одамна е мртов. Работа има, но при крај сме со работниот век. За 10 години нема да има чевлари, ќе нема кој да поправа чевли. За поправка на обувки повеќе има работа во есен и зимно време. Сега во летно време има замена на флехни, потпетици. Има денови кога нема да поминат 15, но ќе поминат 5-6 муштерии, колку да однесеме некој денар дома“, вели Зоран Никифоровски – Шпанац, чевлар од Скопје.

Чевларите кои ги прашавме за мислење, велат дека трошоците се високи, купуваат материјали за работа, а услугите се евтини. Многу граѓани поради напливот на евтини обувки на пазарот, не ни практикуваат истите да ги поправаат, затоа што сметаат дека не се исплати, односно попрво ќе си купат нови. Од друга страна, внимание посветуваат на скапите обувки и нив ги носат на поправка на чевлар.

„Поправката е скапа, материјалот е скап, а колку пари ќе земеш? Јас работам 34 години, а дуќанот ни постои повеќе од 40 години.  Дали работиш или не работиш, давачките си течат. Скапите чевли не ги фрлаат, ги поправаат. Но, не може да се опстане со овие давачки. Некои носат обувки за лепење, шиење, секој различно“, додава Решат Азизи, чевлар од Куманово.

Откако чевларите ќе заминат во пензија, ретко кој продолжува со занаетот. Во некои од македонските градови воопшто нема дуќани за поправка на чевли. Ако некој граѓанин има потреба од поправка на обувки, треба да оди во соседен град.

„Чевларството е еден од занаетите кои се во изумирање, односно поправка на чевли, а за 10 години или помалку ќе нема кој да поправа чевли. Ќе мора да се направи стратегија, да се ослободат од придонеси, како мерка тоа го предлагаме подолго време, за да може услугата да си продолжи“, рече Анета Атанасовска, извршна директорка на Занаетчиската комора Скопје.

Податоците покажуваат дека има намалување на бројот на дуќани. Атанасовска вели дека во Скопје сега се активни осум чевлари кои вршат поправка на чевли, а пред 10 години биле 30, при што дел од нив имале и производство на чевли.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/master1305

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат