Добивај вести на Viber
Министерството за транспорт ќе побара од српската Влада да предложи зголемување на патарините за 20 проценти. Новите цени треба да стапат во сила од 1-ви јули. Така, возачите наместо сегашните 730 динари за своите автомобили на релацијата Белград - Ниш ќе треба да плаќаат 876 динари.
На оваа одлука министерството се одлучи поради договорот од 1 јули „Путеви Србије" да плаќаат ДДВ на патарината.
Како што објави „Новости“,„Путеви Србије" нема да бидат блокирани поради неплаќање ДДВ во последните пет години. Во договор со Министерството за финансии, тој долг ќе им биде простен.
Минатата недела, министерот за финансии Млаѓан Динкиќ нави дека ќе ги блокираше сметките на „Путеви Србије", бидејќи претпријатието од 2008 година не плаќаше ДДВ на патарината.
Овој долг е драстично зголемен, но бројките никој не ги објавува. Од претпријатието му одговорија на Министерството за финансии дека тие не се задолжителни со закон за подмирување на обврската, бидејќи патарината не е комерцијален, туку јавен приход. Ова би значело дека државата сама на себе си наплатува даноци. Исто така, во својата одбрана од претпријатието изјавија дека висината на надоместокот за користење на автопатите не е сменета од февруари 2008 година, односно во цената за патарина не бил вкалкулиран ДДВ. Затоа велат од „Путеви Србије", од моментот кога ќе почне да се наплатува данокот на додадена вредност, надоместот за користење на автопатиштата треба да се зголеми за 20 проценти.
Во неколку наврати, „Путеви Србије" побараа зголемување на патарината, меѓутоа српската влада не одговори позитивно на ваквите барања. Инаку, оваа државна компанија има големи проблеми о обезбедување пари за одржување на патиштата во изминатиот период.