19 Декември, 2025
0.0459

„ЗА 22 ГОДИНИ БОЛНИЦИТЕ ГИ ОСТАВИВТЕ БЕЗ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И БЕЗ ЛЕКАРИ“: Алиу контра опозицијата, најави нови објекти во Тетово

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2025 14:45

Добивај вести на Viber

Ја оставивте болницата за жалење, со објекти од времето на комунизмот и статички небезбедни. Се грижите кога сте во опозиција, а што направивте додека бевте на власт? Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу на обвинувањата од пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт дека откако е на таа функција не презентирал ниту една инвестиција за Клиничката болница во Тетово и не соопштил планови за подобрување на здравствените услуги и за вработување на договорците.

Алиу на седницата за пратенички прашања рече дека на функцијата е 52 дена односно 38 работни дена, но дека трипати ја посетил болницата откако е министер.

На констатацијата на ДУИ дека по нивно реагирање се решава проблемот на 155 вработени со договор на дело, Алиу кажа дека кога се на власт не ги решаваат проблемите туку кога се во опозиција и затоа е, рече, добро ДУИ да биде во опозиција. 

- Ги чувавте 22 години така, без работа, една година работа, две години без работа, зависи од вашата потреба за локални, парламентарни или претседателски избори. Ќе замолам граѓаните да ве остават 20 години во опозиција за да ги решиме проблемите бидејќи многу добро сте ги решавале од опозиција. 

За 22 години болниците ги оставивте без медицински сестри и без лекари, биле невработени зашто не биле дел од ДУИ. Ве уверувам дека и овие 155 и многу повеќе од толку ќе се вработат бидејќи ние имаме потреба во здравството кое сте го оставиле за жалење - истакна Алиу. 

Посочи дека во Клиничката болница Тетово ќе бидат изградени два нови објекта и ќе се реконструираат објектите кои се, рече, „недопрени со години“.

Како што рече, за кратко време ќе имаат план за инфраструктурата и за вработувањата, со што ќе се подигне квалитетот на здравствените услуги не само за граѓаните на Тетово туку и за голем дел од Полошкиот Регион. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот