За 24 часа има скоро 1.000 оздравени од коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Ноември, 2020
За 24 часа во земјава има скоро 1.000 оздравени од коронавирусот.
Најголем дел од нив се од главниот град, каде секој ден има и најголем број на нови заболени.
Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од: Скопје-402, Куманово-63, Дебар-6, Штип-43, Прилеп-57, Тетово-72, Велес-86, Кавадарци-30, Гостивар-45, Гевгелија-19, Струмица-40, Крива Паланка-9, Радовиш-13, Кочани-34, Пробиштип-11, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-4, Виница-14, Кратово-9, Свети Николе-19, Неготино-17.
За 24 часа 15 луѓе починаа, а од нив шест се од Прилеп.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.