Добивај вести на Viber
Грција ја најави продажба на најголемото пристаниште - тоа во Пиреја.
Купувачот е кинеската компанија „Cosco Shipping Corporation“, а договорот е за речиси 370 милиони евра, пренесе грќки „Kathimerini“.
Договорот беше потпишан во Атина меѓу претседателот на Одборот на директори на кинеската компанија Сју Лижзнг и грчкиот премиер Алексис Ципрас, заедно со директорот на Агенцијата за приватизација Стергиос Пициорлас.
„Cosco“ првично стекнува 51 отсто од сопственоста на пристаништето за 280 милиони евра. Останатите 16 отсто компанијата ќе ги добие по 5 години за по 80 милиони евра и инвестиции од 350 милиони евра.
Иако неопходен за грчката економија, овој чекор не се усвои добро од граѓаните. Во главниот град Атина имаше големи протести против приватизацијата, а дури дојде до судири меѓу силите на редот и демонстрантите.