23 Ноември, 2024
0.0263

За безгрижно патување во странство – целосен пакет од СН Осигурителен брокер

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Летото е период кога најчесто се патува, но и период кога луѓето сакаат да се опуштат и одморат од работните обврски во текот на целата година. За да биде патувањето навистина безгрижно по што ќе го запаметите само по позитивните и пријатни искуства потребно е навреме да се подготвите со цел да се заштитите од непредвидени и неочекувани настани.

Имено, патувањето во странство со Вашето возило во одредени несакани настани може да предизвика непредвидени трошоци по Вашиот буџет. За таа цел СН Осигурителен Брокер Ви нуди целосен пакет на продукти потребни при Вашата посета во странство како што се: Зелен картон, Каско осигурување, патничко осигурување и асистенција на пат.

Зелен картон

Зелениот картон е потребен доколку со возилото планирате да отпатувате надвор од границите на државата. Тој ви обезбедува целосна финансиска заштита на Вашата одговорност како сопственик, односно како корисник на моторното возило за евентуално причинети штети кон трети лица, согласно лимитите на осигурување, коишто се поставени во државите каде патувате и се регулирани со Директивите на ЕУ.

Каско

Каско осигурувањето се однесува на сите видови на моторни возила и овозможува осигурително покритие од повеќе ризици како сообраќајна незгода, паѓање или удар со некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво во цела Европа, злонамерни постапки на трети лица, оштетување на тапацир при пружање помош на лица повредени во сообраќајна несреќа, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително, поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица, поплава, порој и високи води. Со ова осигурување, до одреден лимит е покриен и багажот кај патничките моторни возила.

Здравстено патничко осигурување со покритие за Ковид 19

Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со пријатни искуства и спомени. Сепак, секогаш можете да бидете изненадени од неочекувани и непредвидливи настани. Затоа, обезбедете се и земете го најдоброто здравствено патничко осигурување кога треба да патувате во странство. Ние ќе се погрижиме трошоците што ќе произлезат како  последица од непријатните настани да не бидат големо финансиски оптоварување за вас.

Осигурувањето опфаќа трошоци во случај на:

  Трошоци за лекување од незгода и болест

  Трошоци за превоз

  Надомест на телефонски трошоци

  Доцнење и кражба на багаж

•  Итни стоматолошки интервенции

Асистенција на пат

Со асистенцијата на пат добивате 24-часовна поддршка во Македонија и во земјите од Европа.

Асистенцијата е наменета за патнички возила, товарни возила со 3,5Т најголема дозволена вкупна маса, специјални моторни возила – возила за домување, мотоцикли со сила на мотор над 4 KW и камп приколки и со неа се опфатени следните ризици:

• Помош дома и на пат

• Помош во случај на проблеми со клучевите од осигуреното возило

• Извлекување на возилото

• Влечење или пренос на возилото

• Достава на гориво

• Организирање пренос на поправеното возило

• Превоз на клиентот

 • Заменско возило

• Хотелско сместување

• Заменски возач во странство

• Помош во случај на смрт во странство

• Посета на роднини на повредениот осигуреник во странство

• Придружба на малолетен клиент

Подетални информации може да се добијат на веб страната www.snbroker.mk и на телефон 15 770, како и во подружниците на СН Осигурителен брокер низ Македонија.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ