18 Декември, 2025
0.0561

ЗА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ ЌЕ СЕ СМЕТААТ ЛИЦАТА СО ПРИМЕНА БУСТЕР ДОЗА: Во јануари починале 6 лица со примена бустер доза, но имале коморбидитети

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2022 15:11

Добивај вести на Viber

Има промени во однос на тоа кои лица се сметаат за целосно вакцинирани, потенцираше на денешната прес-конференција на Комисијата за заразни болести, д-р Марија Димзова од Клиниката за инфективни болести и член на ова советодавно тело. Нагласи дека целосно вакцинирани ссе само оние лица кои примиле три дози од вакцината против ковид-19, односно две, а потоа и бустер.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски, истовремено додае дека бустер дозата дава гаранција и до 95 проценти, односно во толкав процент штити од хоспитализација и од смрт. Останува оној мал процент пациенти, како што нагласи тој, кај кои може да настанат компликации, а тоа се луѓе со други сериозни болести , односно коморбидитети.

Во оваа насока, на денешната прес конференција на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ информираше дека 6 лица кои примиле бустер доза починале во период од 1. до 31. јануари годинава.

- Втората препорака е поврзана со извештајот од ИЈЗ каде е направен анализа на сите случаи на хоспитализација и смрт од Ковид-19 во период од 1-ви до 31-ви јануари за 2022 година. Анализата покажува дека во анализираниот период само 6 лица кои примиле трета доза завршиле со смртен исход, сите смртни случаи кои биле констатирани имале дополонителни коморбидитети како што се дијабетес, карцином, кардиоваскуларни заболувања и обезност, изјави д-р Мехмедовиќ.

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија