19 Декември, 2025
0.0563

„ЗА ДА ПОСТОИ, НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МУ ТРЕБА ВАША ДОЗВОЛА, НО НА ВАС ДА ГО ПРИЗНАЕТЕ ТОА, ВИ ТРЕБА ЧЕСНОСТ ИНТЕГРИТЕТ И ХРАБРОСТ“: Јовева храбро пред европратениците

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева, со доза на дрскост им се обрати на европратениците за време на дебата за извештај за земјава за 2023 и 2024 година. 

„За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет и храброст“ , им порача таа на европратениците од говорницата.


Јовева е силна и голема поддршка за Македонија. На 4 месецов, таа на социјалните мрежи застана во одбрана на македонскиот јазик.

„Дали мислите дека стварно постојат “модерни” јазици? Јазикот е живо суштество, знам, но за мене тоа “модерен јазик” е на пример сленг, кој постојано се менува или се прилагодува на младите и понекогаш е тешко да му се следи. А можеби само сум стара. Или “старомодна”, секако не “модерна”, нели? 

А што е со јазикот на еден народ? Еден јазик може да има неколку верзии, знам, но тоа – исправете ме ако грешам – се нарекува дијалект. Меѓутоа, не постои ситуација во која што еден јазик, формално признат јазик, одеднаш станува “модерен”. Чисто поради тоа што некој, ете, решил да го нарече така. Се е во духот на добрососедските односи, нели?

Зошто го пишувам сето ова. Затоа што идната недела, на пленарната седница во Европскиот парламент, ке гласаме за извештајот на – цитирам – “Европската комисија за Северна Македонија” за последните две години.

Тоа се сосема нормални, традиционални годишни извештаи, со единствена цел: да бидат професионални, фер и засновани на критериумите за напредокот на земјата кандидат. Тоа се извештаи кои што НИКОГАШ не треба да станат алатка за разјаснување на работи кои немаат НИКАКВА врска со критериумите за процесот на пристапување.

Накратко: оригиналната верзија на текстот на извештајот, постигнат во преговорите на политичките групи, е реална. Ама одредени политичари не би биле политичари да не прават драма во врска со се што е поврзано со македонскиот народ, јазик и идентитет.

Тие сакаа во текстот го вклучат зборот “модерен”. Модерен македонски јазик. Се е во духот на добрососедските односи, нели?

Е па, нема да може. Да ви кажам … многу добро разбирам дека политиката е прашање на компромиси, кои не се нужно секогаш најдобри. Ја разбирам и емоционалноста до која доаѓа кога станува збор на одредени теми.

Но НИКОГАШ нема и не сакам да разберам како европските институциии можат толку лесно да станат простор каде - под изговор на парламентаризам, па и на европеизација - цветаат националистички ревизионистички идеи. Простор каде што институционалната моќ се користи за еднострани обиди на примени не само на минатото, туку дури и на сегашноста. Или модерноста, ако сакате.

Дали навистина секогаш мораме да бираме страни? Добро, ајде, пак ќе бираме страни. Еве, јас ја бирам страната каде што идентитетот на нацијата е оставен на мир. Каде што јазикот на нацијата е оставен на мир.

Од срце и посакувам се најдобро и најубаво на татковината на моите родители. Но за жал, таму е се освен тоа. Интересите на политичарите – од сите страни! – не треба да бидат парохиски, националистиčчки интереси и манипулации. Нивниот интерес треба да биде народот. И не, не само едниот. И не, не двата народа. Туку ... СИТЕ“, напиша пред неколку дена таа.



Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината