ЗА ДА СПРЕЧАТ ШИРЕЊЕ НА КОРОНА: Нема повеќе пушење на јавни места во Турција
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Ноември, 2020
Нема повеќе пушење на јавни места во Турција.
Државата денес забрани пушење на јавни места со цел да го забави ширењето на коронавирусот.
Веста ја соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција, а владата ги предупреди граѓаните да се придржуваат до ограничувачките мерки.
Забраниле пушење за граѓаните да бидат обврзани да не ги вадат маските на отворено за да пушат цигари.
На почетокот на оваа недела е воведен полициски час во Истанбул и Анкара за лица постари од 65 години – забрането им е да излегуваат на улица од 22 до 4 часот наутро.
Бројот на новоинфицирани со вирусот корона во Турција скока од ден на ден, па во средата се регистрирани 2.693 нови пациенти, објави Ројтерс.
Досега од вирусот починаа над 11.000 луѓе во Турција.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.