За Имер Селмани пратениците кои гласаа за уставни промени се големи патриоти
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018 07:21
Глетката пред Парламентот е уште еден доказ дека и тие луѓе коишто јавно можеби сите овие денови беа против Договорот од Преспа, против уставните промени, интимно и на нив им е олеснато вечерва, затоа што знаат и убедени се дека само преку уставните промени и имплементација на Договорот од Преспа, Македонија ќе биде сигурна, безбедна, развиена држава, изјави поранешниот вицепремиер и министер Имер Селмани, во дебата на „360 Степени“.
„Кој е тој родител, без разлика дали е 30-годишен или 70-годишен, којшто не сака на своите внуци и на своите деца да им гарантира сигурна иднина? И ако цел свет од Америка до Европа ни вика – ова е патот, преку овој пат треба да изодите за да стигнете до вистинското место, мислам дека секој родител, секое семејство тоа го посакува, и фактот дека нема ниту некој што протестира, ниту што демонстрира, е еден доказ плус дека интимно им олесна и на најголемиот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.
Додаде дека тие пратеници ќе бидат запаметени како вистински големи патриоти.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




