ЗА КОЛИЧКА, МЕТАЛНА ПАРИЧКА ОД 50 ДЕНАРИ - еден македонски маркет реши да ја следи практиката на европските

Објавено во: Економија 24 Мај, 2023
Еден од нашите најголеми трговски синџири, КАМ, реши да се справи со проблемот со количките, па одлучи за секој муштерија кој ќе сака да земе и да користи голема количка при пазарењето, да мора да стави метална паричка од 50 денари, која потоа си ја повлекува откако ќе заврши со пазарењето и ќе ја остави количката.
Фактор има фотографии од оваа објава на КАМ до своите клиенти, а која е направена во еден од маркетиот на овој трговски синџир, или поточно во Point Retail Park во скопската населба Чаир.
Дел од потрошувачите реагираат зошто се бараат пари за да се земе количка во овој маркет, со изјавата дека „половина Македонија таму ја остава платата“ за купување намирници.
Инаку, и во европските маркети владее оваа практика.
Најпознатиот меѓу Македонците, Лидл, кој со нетрпение го очекуваме да дојде во земјава, исто така има практика потрошувачот да мора да стави монета од 50 денари, доколку сака да ја извлече количката.
Можеби ќе ве интересира
ХАЈРЕДИНИ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА БЕСИМИ - Поддршката за струјата ја плаќаат граѓаните

Посетата на Кина го врати Илон Маск на првото место на листата најбогати во светот

Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува
Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила
ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки
