За колку се зголемиле цените на земјоделското производство?
Објавено во: Економија 17 Септември, 2025 16:47
Цените во земјоделството во август 2025 година, споредени со цените во август 2024 година, бележат зголемување.
Во делот на трошоците (инпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, има зголемување кај тековно потрошени средства во земјоделството од 2,3 oтсто и зголемување од 5,7 отсто кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.
Најголем раст на трошоците земјоделците имале за ветеринарни услуги каде што е забележан раст од 37,1 отсто и добиточната храна со раст од 9,9 отсто. Во однос на инвестирањето највисоки се трошоците за машини и опрема кои се зголемиле за 7,8 отсто.
Во делот на пласманот на земјоделските производи (аутпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, цените на растителното производство се зголемени за 14,2 отсто, а цените на добиточното производство се зголемени за 6,5 отсто.
foto freepik.com/aleksandarlittlewolf
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





