За културни манифестации годинава, Кумановци ќе платат околу 200 илјади евра
Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2013 14:30
Годинава за културни манифестации Општина Куманово ќе потроши 12 милони денари. Како што информираат од Секторот за култура на општината, за првиот квартал веќе се одвоени 310.000 денари.
„Најголем дел од манифестациите што се реализираат во првиот квартал се поврзани со верски и национални празници. Во овој период следат манифестациите поврзани со битките од НОВ, одбележување на верските празници „Свети Трифун“ и „Свети Валентин“,„Денот на просветните работници од албанската етничка заедница“,„Карадачките поетски средби" кој ги организира книжевниот клуб „Јехона е Карадкут",а општината ќе го финансира и учеството на кумановските претставници на Струмичкиот карневал“, соопшти раководителот на секторот за култура Жика Крстевски.
И годинава ќе се оддржат меѓународните манисфестации кои се дел од стратешката петгодишна програма. Оваа година ќе се одржи „Рома Труба фест“, „Тамбурашкиот фестивал“, реномираните ликовни колонии „Куманово" и „Карпино", а се планираат и бројни поетски читања,ликовни работилници и фестивалите за детски песни „Детелинка" и „Пеперутка".
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





