За Нишани платформата на Албанците е природен процес
Објавено во: Македонија, Балкан 12 Јануари, 2017 18:13
Албанскиот претседател, Бујар Нишани изјави дека влијанието на Тирана преку потпишување на заедничката декларација на албанските партии во Македонија е природен процес.
Како фактор за еден ваков документ го наведува и бројот на Албанците во Македонија како државотворен народ.
Во интервју за Алсат М, Нишани додаде дека обвинувањата од страна на одредени кругови дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија не се основани затоа што официјална Тирана има за обврска да се грижи за Албанците каде и да се.„Самиот албански политички фактор во Македонија беше тој кој не информираше за политичките состојби во Македонија“- вели Нишани.
Тој објаснува дека се сретнал два пати со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за да иницира еден таков почеток.
Министерoт за надворешни работи, Никола Попоски претходно го осуди мешањето на официјалните власти на Албанија и особено на албанскиот премиер, Еди Рама во внатрешните работи на Република Македонија.
„Не е ниту воспитано, ниту пак соодветно кога премиер или претседател на една соседна земја, непосредно се меша во внатрешните работи на друга држава“- рече Попоски.
Попоски ги оцени како грешни посланијата и поведенијата на властите во Тирана во момент кога Македонија се наоѓа во сложена политичка состојба.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




