За нив цена од 3000 евра за квадрат е прифатлива
Објавено во: Балкан 04 Август, 2018
Цена од 3000 евра за квадрат станбена површина е прифатлива во Словенија, пишуваат тамошните медиуми.
Љубљана е претворена во едно големо градилиште. Многу е веројатно дека сите овие станови ќе бидат продадени.
Но, Словенците сакаат и луксузни апартмани.
Во населбата Брдо изградени се станови со површина од 85 до 120 квадрати.
Нивната цена е 3500 евра по квадрат, а во близина се гради сличен објект со 10 станови, додека друга фирма гради неколку стотини апартмани.